Коњукција -konjukcija
е кога две тела на небото се во непосредна близина или завземаат ист агловен степен и минути.Доколку се наоѓаат во иста деклинација ,тогаш се во окултација.Во ведската астрологија аспектите не се пресметуваат само од планетите ,туку и од сенковитите планети или Упа грахи .Посебни аспекти се помеѓу знаците т.н Раши аспекти,а во зависност од астролошките системи кои се користат како: Џаимини,Таџака,Парашара,Нади систем итн. Овој аспект во наталната карта се толкува како желба или желби на поединецот во однос на одредена куќа во хороскопот. Истите може да бидат активни, пасивни или преиспитувачки и да имаат состојба на „чекање“. Ова зависи дали планетата е директна или ретроградна, односно дали е стационирана. Од брзината на планетата и најсилната окултациона точка на небото, зависи силата која произлегува од овој аспект на коњукција или јути. Истиот аспект посебно се анализира во Д1 до Д60 картите, посебно кога се употребува во годишната карта, специфично кога се користи Таџика или Варшапала систем на предвидување. Оттука, неговиот орбис на влијание се разликува, пред се кои планети градат аспект како и од големината и силата на две или повеќе небесни тела или сенковити планети упаграхи! Коњукцијата е значаен потенцијал во наталната карта, кој се активира позитивно доколку во Д1 картата е поврзан со планетарните јоги кои ветуваат успех. Обратно е влијанието кога гради композиција или јоги со неповолни малефични планети(грахи,упа-грахи), кои го оштетуваат телото или умот во одреден период на активација. Ова влијание се третира како „чакра на небото и на земјата“ каде се изготвува анализа. Чакра подразбира да се пренесе собрана светлина на аспектот, преку сфера и преку „инка“ до местото на набљудување. Ова е корисно за напредни ученици во ведска астрологија.
Терминот Јути подразбира и осветленост како и собрано тело, комбинирано тело, собир, мноштво или толпа. Исто така во одреден контекст значи и непрекинат проток или движење или течење без прекин. Овој последен термин е од посебна важност, бидејќи е различно набљудувањето и поврзувањето со самиот аспект, доколку не се познава санскрит. Истиот различно се однесува на ниво на ум ,а различно кога се бара ова влијание помеѓу грахите и упаграхите на статичните предмети. Така Јути значи собир на светлина и истовремен динамичен постојан пренос. Доколку аспектот е помеѓу брзи грахи или упаграхи, основно влијание е спорите грахи да командуваат со ова влијание, додека брзите да „извршуваат“. Тоа значи коњукција секојпат се третира динамично и со сите астролошки фактори, а се бара карака-командант или управител во одредено време, за одреден настан. Оттука, коњукцијата „може“ да пренесе „пресметана“ светлина до одредена бава или точка во наталната карта ,но влијанието се менува во однос на каракатвите и локалното присуство на трите доши и петте елементи. Локално подразбира во секоја латитуда или лонгитуда на земјата различно суптилно или одвоено влијание!