Вимшотари даша 120 години период

Macedonian

Вимшотари даша е 120 годишен период, преку кој може да се види минато-сегашност-иднина во една натална карта.

Откако ќе се направат пресметките за исцртување на Ведската натална карта, се пристапува кон пресметка на повеќе системи  на т.н. Даша периоди кои се користат за предвидување на иднината. За времето во кое живееме т.н. Кали југа (железно време), основна препорака на мудрецот Парашара за анализа на животот преку Даша периоди е Вимшотари Дашата или 120 годишен период. Секвенците преку планетните револуции до одредени точки на небото (геоцентрично), го истакнува влијанието на Гуру, Кету, Шукра, Буда од една страна и продолжено на збирот години кои ги даваат Чандра, Сурја, Буда, Шукра и Куџа како секвенца од 120 години. Тоа се 60+60 години=120 или два приближни планетни циклуси на Шани или пет на Гуру. Овие циклуси директно влијаат на целата природа доведувајќи до префинета електромагнетна осцилација, која врши промена на живите и неживите тела и објекти. Аналогно, тоа подразбира да се даде предвидување, односно да се види минатото, сегашноста и иднината, земајќи ја референтната почетна точка. За наталната карта има повеќе вакви појдовни точки односно различни типови на подзнаци или лагни. Широко во употреба се користи терминот лагна за подзнакот (пред се за тропската натална карта), но во ведската астрологија овој термин подразбира десетици или стотици подзнаци или лагни кои се користат за одредени потреби за предвидување. Оттука Лагната во Д1 може да го третира здравјето, а во комбинација со Вимшотари даша во секвенца од 120 години:

  • 2*60
  • 3*40
  • 4*30
  • 5*24
  • 6*20
  • 7*19 и 1/7

 секвенца со месеци може да се искористи за  останатите осцилации до 12


Image removed.