Аунг Сан Су Чи (Aung San Suu Kyi) Близнаци/Девица
е моментално во фокусот на политичката сцена во светот, заради нејзиниот куќен притвор од политички причини и најавеното од воениот врв на Мјанмар, едногодишни воено управуање со државата. Ова „уставно право“ на војската, произлегува на нивна проценка, доколку на државата и е загрозен нејзиниот суверинитет.
Аунг е родена во Рангун-Бурма, а нејзиното обрзование е во Делхи и Оксфорд.Мажена со две деца. Меѓу народот најчесто се нарекува со повеќе имиња како: др Су Чи, мајка Су или тетка Су (тетка како почит за постаро мудро лице). Мажена е со две деца, сопруг Мајкл (роден во Хавана-Куба) починат во 1999.
Нејзиниот хороскопски знак Сонце и Месечина е двоен, односно Близнаци и Девица, обратно и слично на нашиот актуелен премиер Зоран Заев кој има Месечина во Близнаци и сонце во Девица. Ваквата позиција на дуплите планетни осцилации кај Аунг Чи ја пратат со двојни релации во животот. Може да забележите дека нејзиното име различно ќе се пренесува не само кај нас, туку и во светот. Двата меркурови знаци кај неа даваат солидна интелектуалност, „начитаност“, толеранција и адаптибилност, но проблем е кога се појавуваат два става по исто прашање кои може да ја поделат јавноста како во Мјанмар, така и во светот . Причината е на знакот Девица и Близнаци кои кога сакаат да „удоволат на сите“ лесно пропаѓаат во замката на сопствениот кажан збор ,кој најчесто се сврти против нив самите.Посебно во политиката! Обично ваквите натални карти даваат одредена хуманост и сочувство кон повеќето луѓе, но во „Политичката Џунгла“ од истото профитираат сите со кои таа е во контакт, но не и народот. Ова влијание во наталот, понекојпат место да ја поврзе нацијата и да ја обедини(добри намери), ја раслојува на две или четири фракции!
Пример за оваа хороскопска двојност е и добиената нобелова награда за мир добиена во 1991, но истата ја прима подоцна во 2012 година.Приметувате ја добива во 1991(две единици две деветки-збир број два), а лично ја прима во година со две двојки! Парите од нобеловата награда ги донира на образовни институции, што е поврзано со Меркур кој владее со нејзиното сонце и месечина! Меркур е во јути со Сатурн, Раху и Сонце ,па еден показател за признанија и финансиски донации кон нејзе, а таа несебично ги пренасочува на најпотребното место кон децата и образованието!
Оваа двојност е и од нејзините политички и културолошки „фанови“ кои незадоволни од нејзиното премолчување по повод етничкото чистење во Мјанмар, собраа петицијата потпишана од 100к, луѓе да и се одземе Нобеловата награда!
За ведската астрологија не се важни овие третирања на јавноста, бидејќи нејзиното присуство во овој свет е баланс на двете политички поларизации во Мјанмар па и пошироко, иако за тоа повеќето политички аналитичари па и самата таа може да не е свесна! Пред се зошто и се повторуваат работите! Нејзините планетни непријатели се Марс, Венера и Јупитер сите сместени во војнички кшатриски знаци и во неповолен сектор 8 и 12, кој дава непријателство или затвори како условно неповолно, но делумно успех и подршка во политика, посебно странци и странство како релативно поволен аспект. Но осмиот сектор делува неочекувано и пресвртно кога е во Меша- Овен, делува неповолно на здравствен план на глава посебно левата страна, доколку има неповолно карма добиена од нејзиниот татко:Тој е дел од Бурманската историја, бил генерал маченик-татко на нацијата на Мјанмар! Секако дека има и позитивна карма, а за тоа говорат многу светски признанија и награди, документарци и филмови снимени за нејзиниот живот. Марс е посебно неповолен во Д1,Д30 карта ,доколку се земе дека е во 4 пада на Ашвини во Д1.
Мојот најавен период на мундано поле за месец март-април 2021, кој се појавува во САД(држава-поточно државите се Близнаци во една мундана поделба) и новиот председател Бајден( Скорпија-Лав), навестува нестабилен период во одредени денови во пролетта 2021,а почетокот е посебно светски нестабилен е периодот од 9 до 17 април 2021. Тоа подразбира дека духовните организации кај нас и во светот, треба да ги насочат своите мисли за мир во светот-за овој нестабилен период. Самата Чу по некои написи на нет е приклонета кон будистичкиот концепт на религија!
Датум-притвор| Датум-ослободување|Продолжување притвор| Поминато Време во притвор
- 20 јули 1989 година | 20 јули 1992 година | три години притвор
- 10 јули 1995 година Су Чи првично беше ставен во домашен притвор со тригодишна наредба за притвор(воена состојба). Воената Хунта го продолжи притворот за уште три години. | 6 години
- 23 септември 2000 година | 06 мај 2002 година | Су Чи и лидерите на НЛД се обидуваат да патуваат до Мандалај со воз. Хунтата го искористува и ја става Су Чи повторно во домашен притвор.| 1 година и 6 месеци
- 30 мај 2003 година | 30.05.2008 година | Во тајност однесена во затворот Исеин три месеци по бунтот во Депајин. Подоцна повторно ставена во домашен притвор.| поминати во затвор 5 години
- 27.05.2008 година | 26.05.2009 година | Незаконскиот домашен притвор, според законот во Мјанмар продолжен за уште една година | 1 година
- 3 мај 2009 Johnон Yetaw влегува кај нејзе ,заобиколувајќи обезбедување
- 18 мај 2009 година | 13 ноември 2010 година | Куќниот притвор и беше продолжен за уште една и пол година за прифаќање во нејзиниот дом на Johnон Yetaw (американец), кој пристигна непоканет, препливувајќи езеро и заобиколувајќи го обезбедувањето. Заради овој настан, повторно судење на двајцата, а таа добива нов притвор. Непоканетиот гостин е осуден, но покасно пуштен по интервенција на американскиот сенатор Џим Веб (Jim Web) ,роден на 9 фебруари 1946 |
- 1 фебруари 2021 киднапирана и однесена во домашен притвор од страна на војската