Приказна за Сатурн 4 дел

Submitted by admin on Sun, 05/16/2021 - 11:09
Сатурн исправен со своите оружја и сила

Сатурн ја упатува клетвата кон  кралот Викрама 

Кралот размислувал длабоко за сите планети, за нивните моќи, хероизам, благородност. Но повторно и повторно неговиот ум се враќал кон Сатурн и неговата екстемна суровост. И така одеднаш ја изговорил следнава реченица: „Подобро да немаш син воопшто, отколку да имаш син како Сатурн. Штом господарот Сатурн го измачувал својот сопствен татко, тогаш би измачувал секого.“
Во тој момент Сатурн летал со својата кочија и ги слушнал овие зборови на кралот Викрама. Во тој момент тој експресно се спуштил на Земјата и влегол во холот каде што заседавале за моќта на планетите. Кога го виделе сите се стаписале, им се исушиле усните и гласот од страв.
Има моменти кога сакаме да ги повлечеме изговорените зборови, таков бил овој момент за кралот Викрама, чие срце од страв било дојдено во петици. Но изговорените зборови не можат да се повлечат. Кралот Викрама паднал пред нозете на Сатурн со целосна почит, одржувајќи храбар лик, но неговата судбина веќе била запечатена.

Тогаш Сатурн проговорел: „Ооо Викрама, ме навреди пред целиов овој собир без дури и да ја знаеш целокупната моја моќ и капацитет. Знаеш ли дека сите Богови клечат и треперат пред мене, знеш ли дека на кого јас ќе му се налутам тој ќе биде целосно уништен. Но тоа што не го знаеш е дека од тој што ќе ме навреди ништо не останува, ниту неговото име, никаква трошка што ќе потсетува на него. Летајќи над небото слушнав дека зборуваш за мене со гадење. Јас сега ќе влезам во твојата ѕвездена  констелација, а тоа значи дека во следните седум и пол години ти нема да имаш друг избор туку добро да научиш кој сум ЈАС! Наского ќе почувствуваш какви се навистина моите моќи!“ Image removed.
Месечината останува во зодијачката констелација само два и четврт дена; Сонцето, Меркур и Венера, по еден месец; Марс еден и пол месец; Раху и Кету осумнаесет месеци;  Но јас останувам 30 долги месеци исполнети со мизерија, дури и за најголемите Богови. Кралу Викрама, добро подготви се за несреќа!“ 
Во тој миг Богот Сатурн одлетал кон небото. Кралот Викрама држејќи се за неговите нозе паднал и извикал: „О Богу Сатурн, прости ми за оваа навреда, те преколнувам! Имај милост!“
Сатурн слушајќи ги овие зборови се обѕрнал и рекол: „Ако ти покажам милост сега, ти никогаш нема да можеш да стекнеш лично сознание од мене. Мора барем еднаш да ја почувствуваш мојата моќ, инаку твојот безобразлук никогаш не ќе те напушти!
Кажувајќи ги овие зборови Сатурн се вратил со својата кочија во вселената влегувајќи во неговата област на владеење. 
Тогаш кралот Викрама си рекол: „Го навредив Сатурн, таа моќна и сурова планета, сега дефинитивно ќе го ожнеам тоа што го посеав со своите навредливи зборови.“ Измачувајќи се во своите мисли Кралот Викрама легнал и заспал. Следното утро се вратил да владее на својот трон, онака како што секогаш владеел. Однадвор сè изгледало нормално, но во себе бил крајно вознемирен од помислата на измачувањето кое му следувало од страна на Богот Сатурн.
Оттогаш поминал точно еден месец.

Приказна за Сатурн 5 дел >

Macedonian