Проклетството на Типекано
1811 година битката кај Типекано
Битка кај Типекано, помеѓу локалните индијанци од племето Шајен(поглавар Текумсех) ,и неговиот помлад брат Данскватава, кој дал предвидување дека на секои 20 години, претседател на САД ќе умира за време на неговиот мандат.
Ова предвидување скоро со 100% точност кружеше како Домоклов меч ,на председателите на САД во мандатот со годината која завршува на 0 (нула).
Најпознат е секако атентатот на Линколн и Кенеди кои не ги завршија своите мандати.Линколн избран во 1860, додека Кенеди 100 години подоцна во 1960. Ова предвидување го прекина Роналд Реган, иако за време на неговиот мандат со годината нула, беше извршен атентат над него на 30 март 1981! Втор потоа беше Џорџ Вокер Буш помладиот, кој исто така го заврши мандатот со обид за атентат над него(2005)!
Иако предвидувањето беше дадено од индијанец од племето Шајен, покасно повеќемина го истакнуваа,а познатиот тропски астролог хроничар Чарлс Харви го посочи ова непишаното правило,преку коњукциите на Јупитер-Сатурн, и дека ова влијание се повторува кај некои председатели на САД трагично! Овој транзит се повторува на секои 20 години, па оттука за некои председатели заврши трагично. Астролошки покрај овој спој на планети,потребни се и други астролошки фактори, но некојпат се извлекуваат заклучоци само од годишни повторувања. Тоа е погрешно и јавноста не треба да претпоставува, ако наиде на популарни текстови, посебно од лица кои залутале во астрологијата, а пишуваат за новиот мандат на Џо Бајден!
За ефектот на Јупитер Сатурн со години е навестувано со години наназад, а сега на 20 јануари 2021 мандатот треба да го преземе Џо Биден ,кој победи во година која завршува со 0(нула), односно во ноември 2020!
Следниот ваков изборен период за САД е 2040 година, а тогаш Јупитер и Сатурн се во коњукција во човечкиот хороскопски знак на Девица.
Годините кои завршуваат на нула и председателите кои не го завршија целиот мандат!
изборна година|Председател избран|смртен исход-причина|Датум на смрт|
- 1840 година Харисон, Вилијам Хенри | пневмонија 4 април 1841 година
- 1860 година Линколн, Абрахам | убиен (рана од куршум во главата) кога веќе беше реизбран за втор мандат во 1864 година 15 април 1865 година
- 1880 година Гарфилд, Jamesејмс Абрам | убиен (рана од куршум, несоодветен третман, починал 3 месеци по обидот за атентат) 19 септември 1881 година
- 1900 година Мекинли, Вилијам | убиен (рана од куршум, гангрена ) 14 септември 1901 година
- 1920 година Хардинг, Ворен | нејасни медецински наоди - срцев или мозочен удар 2 август 1923 година
- 1940 година Рузвелт, Френклин Делано | церебрална хеморагија (починал кога веќе беше реизбран за четврти мандат во 1944 година) 12 април 1945 година
- 1960 година Кенеди, Џон Фиџералд | убиен атентат (рана од куршум во главата) 22 ноември 1963 година
- 1980 година Реган, Роналд | Имаше неуспешен обид за неговиот живот . Почина петнаесет години по напуштањето на функцијата од Алцхајмерова болест 5 јуни 2004 година
- 2000 година Буш, Georgeорџ Вокер | Во првиот мандат ништо не го загрозуваше неговиот живот. Имаше неуспешен обид за атентат по изборите во 2004 година. жив
- 2020 година Бајден, Џо | новиот председател на САД
*извор на податоци Википедија