Викрама добива мудрост, му се вратени осакатените екстремитети и ги дели со принцезата овие поволни вести, а кралот Чандрасена му ја понудил раката на својата ќерка принцезата Падмасена!
„Величенствен господару Сатурн, како што ја покажа својата милост кон мене, покажувај ја и кон другите.“
„Нека биде така,“ кажал Сатурн и исчезнал, оставајќи го Викрама како многу помудар и потрезвен човек одошто бил пред саде сати.
Следниот ден кога принцезата го видела Викрама, кој веќе не бил осакатеникот без раце и стапала, останала вџашена. „Што се случи? Како ти се вратија рацете и стапалата?“
Викрама го открил својот вистински идентиет пред неа и ја раскажал целата приказна.
Кралот Чандрасена се разбудил од својот сон и поитал во собата кај Викрама. Кога го видел, тој веќе бил оној стариот привлечен и харизматичен крал Викрама. Кралот Чандарсена не го препознал и го прашал: „Кој си ти?“ Викрама рекол: „Јас сум крадецот кој го украде ѓерданот од трговецот“. „Гледам, но твоите раце и стапала беа пресечени. Ќе ми ја објасниш ли оваа мистерија?“. Викрама ја раскажал целата приказна. Тогаш кралот Чандарсена му ја понудил раката на својата ќерка и пратил луѓе да го повикаат трговецот кој го обвини кралот Викрама за кражба.
Кога дошол трговецот кралот Чандарсена го прашал дали му се вратил ѓерданот? Трговецот рекол, „Да кралу, лебедот од сликата го беше голтнал, но денес го врати. “
„Е, трговецу сето ова се случи поради големиот бог Сатурн, тоа беше негова казна, а ова е кралот на Уџајини, Викрама.“
Трговецот побара прошка поради лажното обвинување и големиот крал Викрама рекол: „Трговецу, тоа не беше твоја вина. Богот Сатурн беше лут на мене.“
Слушајќи го ова трговецот ја понудил раката на својата ќерка, како и огромно богатство како мираз за ќерката. Потоа кралот рекол да го повикаат сопственикот на мелницата за масло, каде што работел кралот Викрама. „Дали го препознаваш својот вработен трговецу со масло“, го запрашал кралот Чандарсена. „Многу личи на него во ликот“, одговорил трговецот со масло. Кралот Чандарсена и нему му ја раскажал целата приказна.
Тогаш кралот Викрама на трговецот со масло му го подарил целото село и го прославил својот брак со принцезата Падмасена. Прославата траела цел месец, потоа тој со својата сопруга тргнале кон Уџајини. Во Уџајини сите го прославиле неговото враќање дома. Викрама следниот ден побарал да се подигне храм во чест на Богот Сатурн, кажувајќи дека: „Сатурн е најмоќна од сите планети!“.
Сите што со целосно внимание и посветеност ќе ја слушнат или прочитаат приказната за Сатурн ќе доживеат големо олеснување од мизеријата и страданијата.