Астро планирање на хороскопските знаци

Submitted by admin on Sun, 01/10/2021 - 17:21

Планот и хороскопските знаци

Трите астро фактори , ПМС (подзнак-месечина-сонце) 

Клучни зборови за секој хороскопски знак, да ги реализирате Вашите желби. Тие се менуваат во зависност од наталната карта и од годишната астролошка карта ,но може  да ви биде од помош кога знаете дел од Вашата „психолошка“ природа! Истите доведуваат до успех, доколку на време Вашите желби, ги поставите плански и чекор по чекор, ги применувате! Годишната натална карта истите ги менува, па затоа е потребно да знаете во кои години да „истраете“ на плановите, а кога повторно позабрзано да делувате! 

  • овен - успех во почеток ,еден главен план
  • бик - потреба од план која не ги повредува луѓето кои ги сакате
  • близнаци - два или четири плански дејности ,непостојаност ,помош од другите 
  • рак - планирање е поврзано со пријателски врски, потреба да се заштитите
  • лав - грандиозни планови, секојпат во центар на внимание,
  • девица - план во кој напредувате со учење и сервис на другите
  • терезија - план поврзан со Вашите дипломи и лицата кои Ве насочуваат
  • скорпија - план кој на прво место Вие самите , треба да сте во добивка од другите
  • стрелец - план кој се наметнувате со Вашите квалитети и решителност и го привлекувате вниманието
  • јарец -  во младоста другите ви го планираат животот, за да потоа направите долгорочна стратегија и рационален план во кој постепено напредувате без застој
  • водолија - планови, идеи, многу размисли , многу таленти, па успех е можен доколку платите стручно лице да ви изготви план, но не го преправајте и менувајте истиот!
  •   риби - планот е поврзан со игнорирање односно прифаќање на болката и радоста која ја чувствувате и потребата да делувате во заедница или да им служите на другите. 
Macedonian