Предвиден земјотрес преку 7 степени
M 7.7 - југоисточно од Loyalty Islands
време 10 фебруари 2021 13:19:55 (UTC)
Локација: 23.054°S 171.601°E
Длабочина: 10км
цитирам јавна моја изјава за земјотрес фебруари 2021, извор канал 5 новогодишно интервју:
...околу 9 и 16 фебруари.. за самите денови е можен земјотрес од преку 7 по рихтер, а затоа треба да се внимава и од патни несреќи,можен тероризам во светот и сл.
Извештајите од сеизмолошките опсерватории ширум светот ја потврдуваат оваа вест, за силен земјотрес со магнитуда од 7.7 степени по рихтер , која македонските граѓани само чекаа да видат која зона од светот ќе биде погодена! Геолошкиот институт на САД извести за магнитуда овој силен земјотрес, додека сите светски агенции , покрај извештајот за земјотресот наведуваа тревога за можен цунами ефект. Локацијата на епицентарот е во близина на 415 километри источно од Вао во Нова Каледонија ,а претпоставена длабочина од 10 километри.
(ЕМСЦ) Европскиот медитерански сеизмолошки центар - даде слично соопштение за епицентар на земјотресот на 417 км источно од Тадин(град на француската територија на Нова Каледонија). Дадена е истата длабочина од 10 км.
Овој земјотрес јавно се се предвиде на 31 декември 2020, иако претходно беше анализиран и подготвен за јавноста. Еве видео запис од ова предвидување!
Во видеото се предвидува и за сообраќајни несреќи во точните денови
Во дадените денови имаше и сериозни сообраќајни несреќи, а само како потврда е веста денес 11 фебруари 2021, за петмина загинати при верижен судир од 70 возила во САД. Порталот ЦНН јавува за најмалку 36 лица кои се пренесени во болници.Пријавата до полицијата е околу 6 наутро во тексашкиот град Форт Ворт. Од извештајот на метеоролошката служба до јавноста се посочува: „многу лизгави тротоари, патишта и мостови“, можна причина за серискиот судир на 70 возила.
Треба да се истакне дека се предвидуваше земјотрес, се даде и магнутуда дека ќе биде преку 7 степени по рихтер, што се смета за силен земјотрес во светот. Локација не се даде, заради недостиг на време за анализа. Сепак ова предвидување треба да се третира соодветно од јавноста, пред се доколку се направи анализа на дадените денови, ќе се забележат силни земјотреси, а спомнатиот ден покрај магнитудата од 7.7 имаше и послаб со интензитет од 6.4 рихтерови, за да на одалеченост од околу 3000 км северо-западно (или околу 500 км од нова каледонија) од епицентарот морското дно се „тресеше“ во 10 километар со сила од 6.2 рихтерови.
Треба да се истакне дека повеќе врвни сеизмолози во светот имале до сега обиди да дадат предвидување за земјотрес ,но со слаби и незабележителни резултати. Ретко кој во светот, во изминатите стотина години, а меѓу нив и врвни астролози во светот да дале предвидување со четири фактори (Што,Кога,Каде и Магнитуда за земјотрес). Има предвидувања за даден земјотрес на пример летниот период или двонеделен период, но многу ретко е даден ден до два толеранија ,а да се даде силата на земјотресот (магнитуда) е од најредок вид објава.Моето искуство на овој план од 1994 година е објава со најмалку трите фактори за предвидување на земјотрес, а имало најмалку десетина со објава на сите 4 фактори! Една од првите јавни објави е мое предвидување во далечната 1995, кога се предвиде земјотрес во Јапан со силна магнитуда преку 6.5 рихтер со даден ден, а оваа објава медиите во мк, не ја ни проследија до јавноста. Секоја наредната година се предвидуваа земјотреси со три фактори и јавно беа објавени. Македонските медии во 1999-та објавија неколку написи дека се предвиде силниот земјотрес во Турција ,а истиот беше двапати објавен пред настанот со дадена приближна локација и магнитуда ! Всушност моето покасно „мерење на епицентрите“ на земјотрес (Google Map), ми покажа дека всушност и епицентрите на овие земјотеси беа во точна предвидуваната локација!