Почетни епидемии и увозот на храна
Кинеска забрана за увоз на храна е актуелна во моментот,а истата е важна да се спомне како мое дадено предвидување кое јасно ја објаснува оваа закана. Треба да се спомне дека оваа вест е дури при крајот на годинава доби на „сила“ ,а претходните месеци јавно се збореше дека дека нема опасност за увезена храна , односно вирусот дека не може да опстои повеќе од неколку часа! Јас уште во март, објавените написи од науката, за животниот век на Ковид 19 не изградив јасен став, се додека анализите не покажат, како се однесува на подлога од злато, сребро или платина и други материјали. Тековно имаше испитување како вирусот се однесува на бакар, железо, картон, пластика, дрвена подлога итн. Астролошки е важно да се добие каква е неговата секвенца кога подлогата е благороден метал, бидеќи може да се даде астро предвидување дали неговата мутација е 1, 2, 6 или 12 месечна ,а во понеповолен случај дека истата е многу побрза, 2 недели или на една недела. Ова директно е поврзано со осцилација на татвите и планетната активност предизвикана од Јупитер и Сатурн! Но тоа е само еден дел. Да се даде предвидување потребно е „Сите патишта да водат во Рим“ ,а тоа подразбира серија на парцијални закономерности околу вирусот да ја покажат целата слика. За жал многу малку достапни јавни информации околу Ковид 19 потребни за астро анализа во Македонија, па и во светот, како родендени на заболени и за жал починати , денот и сатот на настанот (што денеска може да се забележи). Затоа анализата околу вирусот се прави само од факторите на брзите и спорите планети и астролошките агли кои се формираат на небото. Тоа е доволно да се даде предвидување, но бидејќи се работи и за индивидуални судбини, а не само за мундан поглед на светот од типот на болести и епидемии, може да се дадат анализи и предвидувања, но не истото да биде корисно на дадени родени , па истото е отежното, кога нема доволно влезни податоци!
Веста на повеќе портали :
Пекинг бара од увозниците на замрзната храна да ги избегнуваат земјите со сериозни епидемии на КОВИД-19
Кинеските преставници од власта го најдоа коронавирусот при проверка на пакувана замрзната храна на аргентинското говедско месо неделава. Во провинцијата Шандонг пронајден е друг увезен примерок од говедско месо ,а по проверката на инспекциските служби откриено е дека е вирусно позитивен. Најголеми добавувачи на говедско во овој период за Кина, се Аргентина и Бразил. Македонската јавност беше запознаена со ваквата закана меѓу првите во светот, а цитираниот дел пред скоро една година говори сам за себе:
Веќе е навестено од минатата година за влијанието на Јупитер-Сатурн кои се во јути или астролошки аспект за 2020 во Макара или Јарец. Тоа донесува можност за почетни епидемии во светот и треба да се припази од тргување на продукти и стока која во 2020 би пристигала од можни земји на зараза пред се Африка и делови од Јужна Америка или кризните региони од Азија.
објавено на порталот Точка на 4 јануари 2020 , астро анализата подготвена крај на декември 2019.
Посебно во цитираниот дел треба да се анализира моето дадено даденото предвидување кое јасно ги предвидува трите региони во светот од кои се шири на заразата.
Тоа донесува можност за почетни епидемии во светот и треба да се припази од тргување на продукти и стока која во 2020 би пристигала од можни земји на зараза пред се Африка и делови од Јужна Америка или кризните региони од Азија.