Силен земјотрес околу пладне ја погоди Петриња во Хрватска и првите извештаи се за жал и за човечки загуби како и материјална штета. За Балканот, секоја магнитуда поголема од 6.2 се смета за вонредно силен земјотресен удар ,а за Хрватска барем спрема мерењата на Америчкиот геолошки институт(УСГС) ,ова е најсилен земјотрес во последните 100 години,а на второ место би бил земјотресот на 7-ми ,а веднаш потоа на 11 јануари 1962 г. близу Макарска ,со иста магнитуда од 6.2 степени по Рихтер. Земјотрес кој се случил на 16 април 1667 г. е најсилниот забележан со реконструкција на податоците и неговата магнитуда е проценета на 7.6 степени по рихтер, а градот Дубровник кој бил највеќе погоден ,со месеци и години не можел да ја поврати претходната состојба. Хроничарите забележале дека во тој период и цунами го погодило Дубровничкото пристаниште.
Астролошки делумен одговор за овој умерено силен земјотрес е влијанието на формираната резултанта од планетните осцилации преку средните точки на повеќе планети ,а „лостот“ може да се бара во спојот на Јупитер и Сатурн и квадратот со Марс (агол од 90 степени ) и асцедентниот момент(Овен) директно преку Марс во првата накшатра на Ашвини ,која е варготама позиција или силна во сите 16 под-карти.Секако дека ова е само еден дел и ја пресметува „небесната статика“, додека земјишната статика и „огнено-водената“ ,може да се побара во корелација со вулканот Етна. За Етна , се даде предвидување дека ќе биде активен годинава, па и се спомнаа денови на неговата активност ,а во неко друг пост може да се реобјават! Останува на сеизмолозите во иднина, да ја побараат врската на земјотресот во Чиле,вулканската активност на Етна и земјотресот близу Петриња во Хрватска!
Овој земјотресен период се очекуваше да ја раздвижи тектониката во светот па и Балканот, а само како илустрација геолошките институти јавија за силен земјотрес во Јужна Америка(близу крајбрежјето на западот од Чиле ) ,со магнитуда од 6.7 степени по Рихтер.Ова се случуваше на во т.н. зона на субдукција на Наска плочата и Јужна Американската Плоча ,а ведската астрологија во Македонија јасно истакна , дека се очекува силен земјотрес и раздвижување на Насзка плочата.
Во името на астролозите од Македонија ,сочувство до пријателскиот Хрватски народ за загубените човечки животи и нашите мисли се со нив!
Време 29-12-2020 11:19:54 (UTC) Локациија 45.422°N 16.255°E Длабочина 10.0 км
извор:УСГС
Коментари
Магнитудата 6.2 рихтер извор
Силата на земјотресот различно ја пренесоа ЕМСЦ и УСГС(6.4 по рихтер) од една страна и геофизичкиот одел при ПМФ во Хрватска каде записот е магнитуда 6.2 рихтер и длабочина 11.5 км. ,а локација Петриња 45.4002 северно , 16.2187 Источно.Интензитетот во епицентарот бил VIII-IX по ЕМС скала. Рано наутро на 29 декември 2020 ,забележан е и умерен земјотрес близу островот Вис со магнитуда од 3.1 рихтер.