Приказна за Сатурн 3 дел

Submitted by admin on Fri, 05/14/2021 - 18:59

Јупитер, Венера, Сатурн, Раху и Кету - Колебливиот крал 

„Оние што него го обожуваат се лишени од мизериите и ги достигнуваат посакуваните цели и желби. Тој е исклучително милозлив, а неговата мудрост е длабока.“ Според телесниот тип тој бил крупен, со округол стомак и со глас како лав. Очите му зрачеле со жолто смеѓа светлина, облечен бил во жолто, накитен со жолти цвеќиња. 

Image removed.


Тој ги поседува сите доблести, но е скромен и знае да прости, и е среќен. Неговиот дух, дисциплина и интелект се стабилни. Тој зрачи со стабилност. Неговиот метал е злато, а драг камен топаз. Тој е господар на салото во организмот, на северот, неговиот ден е четврток (итал. Giovedi), а ѕвездена констелација на Стрелец и Риби. Тој е неречен Учител на бесмртните, Духот, Советникот, Господар на говорот, Златниот, Креаторот, Младиот, Сочувствителниот, Мирољубивиот.“ 
Неговиот претставник продолжил да зборува за митолошката приказна за Јупитер, и на крајот завршил со тоа дека никој не може ни да се спореди со супериорноста на Јупитер: „Кога ти е наклонет ги уништува сите твои непријатели, но кога е презрен го уништува твојот просперитет.“
Следен на ред бил претставникот на дружељубивиот Бог Венера. Тој бил спонтан, услужлив и пријателски  настроен. Бидејќи Венера не сака насилство, своите аргументи за супериорност над другите планети ги претставил многу нежно и неагресивно. Претставникот на Венера продолжил: „Јупитер има огромен потенцијал, но големината на Венера е ненадминлива. Богот Венера може да ги оживее мртвите! Затоа Венера е најмоќна од сите планети. Оние што му се поклонуваат на Богот Венера ги победуваат сите препреки, проблеми, грижи и болести. Богот Венера ним ќе има донесе среќа, радост и потомство.“ Тој бил интелигентен, убав и чувствителен.  Негова боја била бојата на снегот, а цветот бел јасмин или лотус.

Image removed.

Бил љубител на убава музика, женственост, неговиот метал бил среброто,  а скапоцениот камен дијамант. Неговиот ден бил петок (итал. Venerdi), а соѕвездие на Вага и Бик. На тие што во хороскопот Венера им се наоѓа на значајно место им подарува преубави очи. 
Откако заминал застапникот на Венера, публиката почнала да галами, да зборува за сите досега претставени планети. Кралот Викрама почекал да стивне публиката и рекол:  „Да го видиме сега застапникот и на седмата планета.“
Висок, темен, чии манири и појава ја наговестуваа неговата природа била сликата на дисциплинираната авторитативност на претставникот на Сатурн. Зборувал со очи кои гледаат надолу, како сенка со рапав глас. „О Кралу!“ Започнал претставникот на Сатурн, „Сатурн е супериорен заплашувач меѓу планетите. Сите суштества се плашат од него. Тој владее со храброста и несреќата. Доколку е задоволен ќе ви подари Царство, но доколку го иритирате, за миг ќе ви одземе сè што имате. Неговата милост ве прави среќен, неговиот гнев може да ве уништи, така што сите ќе заборават дека сте постоеле. Сатурн е син на Сонцето. Неговиот поглед е толку опасен што кога еднаш погледнал во својот татко тој добил витилиго, потоа во неговиот кочијаш и тој паднал и си го скршил колкот. Со неговиот поглед потоа ги подигнал коњите кон сонцето и тие ослепеле. Сонцето со ништо не можело да ги излечи овие последици. Image removed.Се додека Сатурн не одлучил да го тргне неговиот поглед, ниту еден лек не помагал. Тој владее со долговечноста и смртта, бидејќи е господар на времето. Сите кралеви колку и да се моќни потклекнуват пред Сатурн. Дури и сите Божества се во паника кога тој доаѓа.“ Како и самиот Сатурн и неговиот претставник бил висок, црн, слаб, со црвенкасто кафени очи, долги заби и нокти, истакнати вени, повлечен стомак, долга брада, густа коса. Тој бил суров авторитет, неговиот втренчен поглед кој е насочен надолу е крајно заплашувачки. Неговиот метал бил железото, а драгоцен камен синиот сафир. „Тој господари со жилите и нервите во телото, со западот, неговиот ден е сабота (анг. Saturday), а соѕвездиејата на Јарец и Водолија. Познат е како Спориот, Син на сенката, Црниот, Бескрајниот, Контролорот. Неговиот поглед може да уништи.“ Претставникот продолжил: „Доколку се надевате дека може да се заштите од дејствијата на Сатурн врз вашиот живот, давајте жртви во сабота и не заборавајте: Сатурн е Бог на праведноста и на смртта.“
Откако заминал претставникот на Сатурн, меѓу публиката завладеала чудна тишина. Овој молк бил прекинат со влегувањето на претставниците на Раху и Кету, двете најужасни планети. Овие лунарни јазли се појавуваат особено кога има помрачување на сонцето од месечината. Едни велат дека Раху го измачува Сонцето, а Кету, Месечината.

Image removed.

Претставниците на Раху и Кету почнале да зборуваат: „Раху и Кету го замрачуваат животот на живите битија, тие никого не поштедуват. Среќни се оние кои им се поклонуваат, бидејќи овие две се познати како исклучително сурови лунарни јазли. Од најголемо значење е да се обожуваат. Кога е задоволен Раху пружа милост и ги отклонува болестите и стравот од змија, додека задоволниот Кету дава трансцедентална мудрост.“ Раху владеел со оловото и скапоцениот камен ахат, додека Кету владеел со земјата и тиркизот. Името на Раху означувало: Полутелесен, Секогаш гневен, Змија, Гонител, Страшниот, Црниот, Заплашувачот, Моќниот, Крвавоокиот. Додека на Кету значело:  Шилестиот, Главата, Шефот. 
„Поклонувајте им се на Раху и Кету, двете лунарни јазли кои како сенки кои им го помрачуваат умот на оние кои не им се поклонуваат.“

Откако се претставиле застапниците на сите планети дошло време да се донесе одлучи која од планетите е најмоќна. Сите луѓе размислувале и зборувале моѓу себе за тоа. Секој имал свој фаворит. Многумина се колебале, се двоумеле, но одговорноста за конечната пресуда , која од планетите е најмоќна, припаднала на кралот Викрама.

Приказна за Сатурн 4 дел >

Macedonian