Приказна за Сатурн 8 дел

Submitted by admin on Tue, 05/18/2021 - 13:08
Сатурн на своето возило со планетни знаци

Сонот на Кралот Чандарсена. Сатурн застанува пред Викрама и му да  дава можност за награда од неговите жртва и претрпена телесна и духовна  болка. Викрама преплавен од емоции рекол: „О, Голем Владетелу единствено што посакувам е да ми ветиш дека никогаш никого...

Кралот отишол во своите одаи и легнал очаен на креветот. Превртувајќи се, на крајот заспал и во својот сон го видел кралот Викрама, но овој пат тој бил повторно со раце и нозе. 
Кралот Викрама не знаел што се случува во палатата на кралот Чандарсена, но почнал да се грижи бидејќи дошол крајот на тие седум и пол години, а Богот Сатурн сеуште го немал покажано своето милозливо лице. Дали Сатурн беше задоволен од мачниот пат што го поминал Викрама?
Додека Викрама размислувал, Сатурн се беше исполнил со милозливост кон него и застанал пред него. „О, кралу Викрама, ме препознаваш ли? Јас сум Богот Сатурн. Кажи ми дали се напати многу поради тоа што ме навреди?“. Кога го видел, кралот Викрама посакал да клекне пред него, но бидејќи немал стапала паднал на земјата преку нозете на Сатурн. Тогаш Сатурн рекол: „Браво Викрама за твојата трпеливост, навистина преживеа голема мизерија, сега кажи што посакува твоето срце од мене?“
Викрама преплавен од емоции рекол: „О, Голем Владетелу единствено што посакувам е да ми ветиш дека никогаш никого повеќе нема да го ставиш на вакви маки како што ме стави мене! Посакувам вакво нешто да не му се случи на никој друг, никогаш повеќе.“
Сатурн бил пријатнo изненаден од таа молба и рекол: „Можеше да побараш да ти се вратат рацете и стапалата, но ти ја почувствува болката на другите во твоето срце и несебично го побара овој благодет од мене кон другите. Многу сум задоволен од ова. Толку сум задоволен што ти ги враќам рацете и стапалата  како што ти беа.“ Откако го кажал ова Сатурн, на кралот Викрама му се вратиле рацете и стапалата. Одеднаш исчезнале сите лузни, бори, исцрпеноста од неговото тело и лик што укажувале на маките и страданијата низ кои поминувал и тој повторно го вратил својот исклучително привлечен изглед. 
Викрама понизно се поклонил и повторно го замолил Сатурн повеќе никого да не измачува онака како што тој беше измачуван.
„О, Викрама, измачувањето е тоа што јас го правам, да знаеш само како го измачував својот гуру.“ 
Неговиот гуру го молел да не влезе во констелацијата каде што е неговата месечина, но Сатурн рекол дека мора да го стори тоа, бидејќи тоа е негова должност. На крајот се договориле Сатурн да не престојува во неговото поле седум и пол години, туку само 22 и пол часа, но и за тоа време неговиот гуру бил сурово измачуван. Потоа Богот Шива, тој се криел седум и пол години во водите на реката Ганг кога дознал дека Сатурн влегува во неговото поле. Сатурн знаел каде е богот Шива, но сметал дека самиот престој во водите на реката цели седум и пол години се доволно мачни. Дури и Кришна бил измачуван од Сатурн. „Измачувањето - тоа е мојата должност!“
Но Сатурн го понудил следниот благодет: „Нема да го измачувам оној што ќе ја слушне оваа приказна и оној што ќе ја пренесе понатаму на другите, тоа особено треба да го прави во саботите.“
Сатурн му рекол, „сега заврши твоето саде сати и можеш повторно да се издигнеш во секој поглед.“

Приказна за Сатурн 9 дел >

Macedonian