The Lady 2011 режија Luc Beson
Две жени во Азија имаат добиено Нобелова награда за мир. Едната е Гонџа Бојаџиу, на сите нам позната Мајка Тереза, а втората е Аунг Сан Су Чи. Нејзината натална скица беше повод да се стави овој линк за филм, за да љубителите на астрологијата можат да го комплетираат животниот пат на една Сонце во Девица и Месечина во Близнаци -нејзините светла во хороскопот.
Тоа е филм за љубовта на познатата Аунг Сан Су Чи ,преставена преку глумата на малезиската актерка Michelle Yeoh и David Thewlis, улога за нејзин покоен сопруг Мајкл Арис. Филмот е снимен преку вистинската животна приказна, а започнува како татко и на двегодишната Аунг, кој е генерал, си игра со својата ќерка со голема нежност и љубов во убав сончев ден, пред нивната куќа! Потоа нејзиниот татко,се поздравува со нејзе и оди на своето работно место каде има заеднички состанок со колегите.Наеднаш, влетува мала насилна организирана група со оружје и ги убива присутните ,а прв умира нејзиниот татко.Тоа е почеток на филмот...
Познатиот француски режисер Бесон го прифатил сценариото изјавувајќи, дека „конечно може да претстави хероина во реалниот живот, жена борец која не поседува друго оружје освен нејзините човечки доблести“.
втор филм кој е поврзан со Аунг е Beyond Rangoon филм исто 1995 Laura Bowman ја игра Patricia Arquette , а во кој темата се протести во Бурма и повторно Аунг Сан Су Чи, како стожерна тема на млада туристка Лаура која ја раскажува приказната за историскитенастани во Бурма, познатиите четири осмици во азија 8888. Во превод настаните се за 8 август 1988 или граѓанскиот бунт,немири и протести и масовни марширања во Бурма.