Мундана астро карта Пандемија Ковид 19

Submitted by admin on Fri, 10/23/2020 - 06:11

Пандемија Ковид 19 астролошки предвидено 2018

 

Ковид 19 е топ тема скоро цела 2020 година и оправдано „целиот“ свет го стави во „лимбо“ состојба, а пред се внесе голема доза на страв и неизвесност за личната безбедност и здравјето на најблиските.Овој „пандемичен“ ефект врз светот на мундано поле прецизно го навестив со години наназад и на неколку наврати е спомната 2020 година, а постои видео телевизиски запис пред 2 години каде јасно е истакнат период за декември 2019 . Предвидувањето е прецизно доколку се поврзе со јавно достапната информација за почеток во предвидуваниот месец декември, а за кој има податок дека првите симптоми се на 1 декември 2019 во Вухан заболен маж ,а известување со студија е на „The Lancet“. Според оваа студија од неговото семејство немало други заболени, а нивната анализа е дека неможе да се направи паралела или поврзаност со случаеви пред овој период.Здравствени лица од Вухан ја лоцираат како можна почетната точка на ширење на вирусот Сарс(SARS-Severe Acute Respiratory Syndrome) ,скратено именуван како Ковид 19 .Како прва позната локација за појава на вирусот Сарс , се спомнува Јужна Кина, во месец ноември 2019 (неофицијално) , а веќе во март 2020 беше сигнализирано да се постави на листата на глобална закана по светот. Ова мое предвидување, не беше пратено до медиумите туку сами да дојдат до веста, која во полето на мунданата астрологијата е од најредок вид и скоро во целиот свет немаше јасно истакнато дадено предвидување, што се очекува и кога се очекува. На третото прашање во астрологија за локација на заразата, во декември 2019 година се даде предвидување да се внимава на увезена храна од кризните региони во Азија, Африка и Јужна Америка. Дел од Македонските Тв медиуми па и интернет портали, објавуваа вести од астролози во светот кои го предвиделе настанот, но доколку само малку подобро ги проверите овие вести, ќе се забележи дека не е одговорено новинарски Што, Каде, Кога .

Треба да се истакне дека веста за пандемијата „ги затекна “ најпознатите како западни-тропски така и ведски астролози во целиот свет. Овој мој запис е од полето на Историја на Ведската астрологија во Македонија и Светот ,за да остане забележано за следните генерации астролози, кои ќе можат да го анализираат овој ефект на планетната коњукција на Јупитер и Сатурн и да дојдат до релевантни заклучоци, за пандемијата која официално започна во декември 2019, иако за првиот т.н. „нулта пациент“, останува отворено прашање. 

жолто лого на вирус сарс со бели кругови
Натална карта за
Пандемија во светот 2020
Био
Лоцирање забележано во месец декември 2019 Вухан , Кина ,рибен пазар
Тип
анализа на мундана карта 2019-2020
датум на раѓање
Локација
41° 59' 47.256", 21° 25' 53.076"
Astro data
  • 1 декември 2019 година првиот т.н. нула пациент е регистриран,но веста дека купувал од пазарот во Вухан не е потврдена.Лицето страдало од Алцхајмер и на возраст од 70 години
  • 16 декември 2019 документи кои протекоа подоцна укажуваат на пациенти примени во болница во Вухан
  • 24 декември 2019 први клинички испитуваља за секвенца на вирусот.Се наведува дека примерокот е заведен на 23 декември 2019 извор запис „GenBank“
  • 26декември 2019 постар пар побарал сместување во провинциска болница во Хубеи(првично пријавено како грип или обична пневномија)
  • 27 декември 2019 кај синот на двојката е направено тестирање и индиции се дека не се работи за грип, туку за вирусна инфекција.Истовремено телефонски им е соопштено дека примерокот за анализа „БАЛ“ земен на 24 декеври 2019 содржи нов вид коронавирус. Пациентот веднаш е ставен под карантин 
  • 30 декември 2019 извештај упатен за централната болница во Вухан ,за примерок од 27 декември 2019 дека содржи САРС коронавирус 
  • 30декември 2019 Ли Венлианг (кинески 李文亮), офталмолог ја шири свесноста на социјалните мрежи за опасноста од новиот тип на коронавирус. Тој е наречен „свиркач“, бидејќи протекуваат информациите до јавноста. Роден на 12 октомври 1986 , а се заразил од новиот вирус и починува на 33 години, на 7 фебруари 2020   
  • 31 декември 2019 година Светската здравствена организација (СЗO) првпат со предупредување за нов тип на пневмонија во Вухан
  • 5-7 јануари 2020 коронавирус, и првично беше именуван 2019-nCoV
  • фебруари, официјално СЗО ја именува како КОВИД-19
  • 10 јануари 2020 година прва смрт на Кинез, врска со пазарот на морски плодови во Вухан
  • 13 јануари 2020 година прв случај во Тајланд (допатувал од Вухан)
  • 15 јануари 2020 година прв случај на КОВИД-19  во Јапонија (допатувал од Вухан)
  • 21 јануари 2020 година, државата Вашингтон објавува за прв случај на нов коронавирус во САД
ДОР податоци
1 декември 2019